поразгали | св.
Разгали малку некого. Таа знаеше дека ги поразгали децата.
поразгашти | св.
Разгашти, распушти, разузди некого малку, донекаде.
поразгласи | св.
Разгласи, соопшти, објави нешто во некоја мера. Тој ја поразгласи веста во селото.
поразгледа | св.
Разгледа нешто од сите страни. Поразгледај таму кое како стои и не задржувај се.
поразглоби | св.
Разглоби, оддели малку, донекаде делови на нешто зглобено, споено, соединето. Детето ја поразглоби играчката.
поразгневи | св.
Разгневи некого малку, во мала мера. Разговорот го поразгневи, но брзо се смири.
поразговара | св.
Разговара малку, кратко време. Се сретнавме кај мостот, па поразговаравме. Имаше намера да го запре и да поразговара како со зрело момче.
поразговори | св.
Поведе разговор, стапи во разговор со некого. Оди да го поразговориш гостинот.
поразголи | св.
Разголи, открие, подослободи од облека дел од телото. Ја раскопча кошулата и го поразголи вратот.
поразгорешти | св.
Разгорешти, затопли некого малку, во мала мера. Топлото сонце го поразгорешти и тој се слече.