посвојче | ср.

Посвоено дете.

посврши 1 | св.

Заврши некакви работи. Треба да посврши уште некои работи.

посврши 2 | св.

Побара девојка за жена, направи свршувачка. Ми ја посвршија за јасно сонце.

посебен | прид.

Што е одделен, одвоен од другите, што постои самостојно меѓу другите, што не е дел од некаква целина. Него го сместиле во посебна соба.

посебно | прил.

Одделно од другите. Секој си живееше посебно. Тоа треба посебно да го платиш.

посебност | ж.

Одлика на тој што е посебен или на тоа што е посебно;

посев | м.

(само едн.) Сеење, сеидба. Семе за посев.

посева | несв.

посевен | прид.

Што се однесува на посев; сеидбен. Посевни површини. Посевно семе.

посег | м.

Посегање. Луѓето се губат или се наоѓаат себеси во посегот кон осмислувањето на својата живеачка.