посвети 2 | св.
Изврши црковен обред на осветување.
посвети 3 | св.
Свети малку, некое време. Посвети ми да отклучам.
посвие | св.
Ш (ќе) посвиев, (ќе) посвиеја; (ќе) посвиел; посвиен Свие малку, донекаде. Таа го посви работ на палтото и го соши.
посвикне | св.
Свикне, навикне малку, донекаде. Подоцна тој посвикна на нивното присуство.
посвири | св.
Свири малку, кратко време. Му се посака да посвири со гајдата.
посвитка (се) | св.
посвоен | прид.
(грам.) Што искажува припадност, припаѓање на некого или на нешто; присвоен. Посвојна заменка. Посвојно значење.
посвоеник | м.
Посвоено машко дете.
посвои | св.
Земе сосила нешто туѓо во своја сопственост, присвои насила. Тој ми ја зеде книгата и си ја посвои.
посвоител | м.
Лице што посвојува дете