посега | несв.

посегне | св.

Испружи рака за да фати, земе, да направи нешто. Тој посегна да ја земе книгата. Старецот посегна в пазува и го извади писмото.

посед | м.

Неподвижен имот (куќа, нива и сл.). Во минатото тие имаа големи поседи на шуми и пасишта.

поседелник | м.

Само во изразот: понеделник-поседелник со значење: и понеделник е ден за одмор, не треба да се работи (за мрзлива жена).

поседи | св.

Седи малку. Поседете вие, дури да стигне вечерата. Јас ќе поседам со тебе во дворот.

поседне | св.

За многумина – седне еден по / до друг. Луѓето поседнаа околу огнот. Гостите поседнаа на чардакот.

поседник | м.

Тој што поседува недвижен имот. Тој е поседник на повеќето ниви во регионот.

поседок | м.

Во село – собирање на младите заради дружење и заедничка работа, седенка со работа. Другарките ме прашаа кога да дојдат на поседок со работа.

поседува 2 | несв.

Има во посед, има во сопственост. Таа поседува голем имот. Денес секое семејство поседува телефон.