посестри | св.
Земе, избере некоја пријателка за сестра.
посестрима | ж.
Жена што се посестрила со пријателка, што е како сестра на пријателка. Тогаш ја посетија нејзините посестрими.
посестримица | ж.
посестримство | ср.
Однос меѓу посестрими; посестримска врска. Во нашиот народ жив бил обичајот за сврзување на побратимство, односно посестримство.
посестримче | ср.
посета | ж.
а) Одење кај некого на гости, на видување, на разговор. Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети. Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета. б) Одење за да се види некоја знаменитост или некое место. Тоа беше неговата прва посета на Виена. За учесниците беше организирана посета на манастирот. в) Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација итн. на средба од службени потреби. Официјална посета. Службена посета. Работна посета.
посетеност | ж.
Број, количество на посетувања. Изложбата имаше голема посетеност.
посети | св.
а) Отиде кај некого на видување, на разговор. Утредента тие ги посетија своите роднини. Новинарите побараа дозвола да те посетат и лично да разговараат со тебе. б) Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место. Тие го посетија родниот крај. Учесниците го посетија Музејот на Македонија.
посетител | м.
Тој што прави посета. На изложбата имаше голем број посетители. Тој беше редовен посетител на читалната.
посетница | ж.
Визит-карта, визитна карта.