посее | св.

Засее нива и сл., фрли семе за да никне. Задутре нивата сигурно ќе биде посеана. Верувајте, дури ни жито годинава не посеав.

посеклив | прид.

Во изразот посеклива трева - ајдучка трева; Achillea millefolium.

посекне | св.

За вода – секне малку или уште малку. По некое време водата посекна.

поселани | св.

Направи селанец, направи да живее и да се однесува како селанец. Животот на село го поселанчи.

посен | прид.

Што не содржи продукти од животинско потекло (месо, маст, млеко, јајца); мрсен. Посно јадење. Посен грав. Посни сарми.

посер | м.

Посерување. Му удри ќотек до посер.

посере | св.

Изврши голема нужда врз / на нешто.

посерко | м.

Тој што е несмасен, невреден, неспособен.

посесивен | прид.

Што е обземен од потребата да има, да поседува. Тој не е посесивна личност.