постане | св.
Изнемошти, премали, се измори. Двете нозе ~ постанале од долгото одење. Жените постанаа, не можеа понатаму.
постановка | ж.
Организирање на сценска претстава; режија. Драмата е во постановка на македонски режисер.
постанок | м.
Постанокот на светот.
постапалка | и.
Погача или тесто во форма на стапало што се дава кога детето ќе прооди. Меси постаапалки.
постапен | прид.
Што се одвива стапка по стапка, без остри промени, со благи премини; постепен. Тие ја навестуваа постапната смена на генерациите македонски композитори.
постапи | св.
Изврши некакво дејство на определен начин, направи некоја постапка. Тој не можеше да замисли да постапи поинаку. Ние така ја сфативме својата работа и мислам дака постапивме правилно. Такво решение зедовме и по него ќе постапиме.
постапка | ж.
Извршување на некакво дејство; начин на дејствување. Тоа бара испитување на постапката на секој автор одделно. При разгледувањето на географската постапка се имаа предвид неколку текстови.
постара се | св.
Се потруди, се погрижи. Постарај се да бидеш среќна.
постаџија | м.
Највреден, најдобар, највешт жетвар што е од десна страна на постата при жниењето, што жнее прв во постата.
постдипломец | м.
Тој што продолжува со студирање и по стекната диплома, тој што посетува постдипломски студии.