постдипломски | прид.
Што се однесува на степенот на студии по дипломирањето, по завршеното високо образование. Постдипломски студии.
постега | св.
Стега малку, кратко време.
постегне | св.
Стегне малку или уште малку, посилно. Тој ги постегна врвките на чевлите. Постегни го оглавот.
постекија | ж.
Прекривка од овча или козја кожа.
постела | ж.
Тоа врз кое човек легнува да спие (душек, рогозина, черга и сл.). Тој лежеше на постела од неколку штавени овчи кожи. Порано немаше кревет, туку само постела на гола земја.
постеле | св.
Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа. Домаќинката им посла за спиење. Ги послаа наземи палтата и седнаа. На земјено душеме ја посла рогузината. Подот ќе го постеле со раскошен ќилим.
постелен | прид.
Што се однесува на постела 2; што служи за постилање. Постелни работи.
постелица | ж.
Хип. од постела.
постелка | ж.
Дем. од постела.
постелнина | ж.
Збир од предмети (креветски чаршаф, јорган, навлака за јорган и навлака за перница) што служат за постилање на креветот за спиење.