посуреди | св.

Суреди, дотера, намести малку, уште малку. Таа ја посуреди куќата. Посуреди ја облеката!

посуче | св.

Суче малку, некое време нешто (конец, предено, кори за пита и сл.). Сега ти посучи малку од преѓава.

посуши | св.

Суши некое време. Посуши ја косата уште малку со фенот.

пот | м.

Безбојна, солена течност што ја лачат потните жлезди, која се исфрла преку порите на кожата. Челото му беше оросено со капки пот. Го облеа студена пот.

потагува | св.

Тагува, жали некое време.

потаен | прид.

Што не се знае, што се наоѓа во тајност, скриен, скришен. Сепак некаква потајна надеж тлееше во него. Скитаа низ потајните катчиња на планините. Ја полнеше душата со огорченост и потаен протест.

потажи | св.

Тажи, жали некое време.

потака | прил.

потамина | прил.

Без претходно испитување, непроверено, на слепо; препуштено на случајноста, случајно. Тргнав пеш во неопределен правец, потамина, само да бидам подалеку од него. Во визбата потамина набара дотраена лоеница.