потамошен | прид.

Што се надоврзува на нешто, што произлегува од нешто, следен, иден; Тој се откажа од потамошна борба. Со тоа се прекинува секој потамошен разговор.

потаму | прил.

Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови. Не сакаат да погледнат потаму од носот.

потанцува | св.

Танцува малку, кратко време. Таа остана уште малку да потанцува.

потапка | св.

Удри некого неколку пати пријателски со дланка (обично по раменици, по плеќи); Тој го потапка по рамото, ветувајќи дека ќе ја заврши работата.

потарашува | несв.

Тарашува малку, кратко време. Потарашува по куќата, но не го најде писмото.

потатко | м.

Маж што се смета или се прифаќа како татко.

потај | м.

Тајност. Неговото име го чувам во потај.

потајник | м.

Потаен човек; потаен 2.

потајница | ж.

потајник_1