потајно | прил.

Скришно, тајно. Тој ја сакаше, потајно копнееше по неа. Тие понекогаш потајно му се потсмеваа.

потајум | прил.

потврда | ж.

Доказ со кој се потврдува вистинитоста на нешто. За тоа што го рече ја побара потврдата и на двете жени. Сите тие искажувања претставуваат потврда за македонската посебност.

потврден | прид.

Што потврдува нешто, што искажува согласност, одобрување. Потврден одговор.

потврди | св.

а) Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито. Дека сето ова е точно, можат да потврдат и другарите што беа со мене. Луѓето отпрвин не му веруваа, но се најдоа и други што го потврдија тоа. б) Изрази согласност, одобри. Тој поцрвене и потврди со главата. Тој со кимање на главата му потврди.

потврдно | прил.

Потврдувајќи, со одобрување. Тој ја нишна главата потврдно. Таа веднаш одговори потврдно.

поте | ср.

Стаклено чинивче за послужување слатко.

потег | м.

Црта, линија како основен елемент при цртањето, сликањето. Неговата сликарска техника се карактеризира со широки потези.

потега | несв.

потегне | св.

Потргне нешто со влечење, повлече. Впрегнатите коњи го потегнаа железниот труп на косачката. Малиот го потегна човекот за ракавот.