поткисели | св.

Стави малку оцет во јадење и др. за да добие кисел вкус. Таа ја поткисели салатата. Тие поткиселија зелка.

поткисне | св.

Скисне, нарасне малку; Тестото поткисна и таа фати да го меси.

поткладе | св.

Стави под нешто, потстави, подметне. Таа му ги поткладе перниците под главата.

потклекне | св.

Клекне малку, потсвие малку коленици. Ми потклекнаа колената, ама не паднав.

потклепне | св.

Трепне со очите;

потклоцне | св.

Клоцне малку. Тој ја потклоцна топката.

потков | м.

Метална плочка што се кове одоздола на чевелот; налче. Таа носеше чевли со потков.

поткова | ж.

Полукружна железна плочка што се кове одоздола на копитото од коњ, вол и сл. и служи за заштита од повреда и лизгање; потковица. Коњите се без поткови, уморни и бавни.

потковало | ср.

Алат за потковање.