поткован | прид.

Што има поткова или потков. Потковани коњи. Се слушаше металниот ѕвекот на поткованите чевли.

поткове | св.

Стави поткова (на коњ, вол, чевел). Тој го поткова својот коњ кај налбатот.

потковен | прид.

потковичав | прид.

Што по својата форма личи на потковица.

потковка | ж.

поткова.

потковувач | м.

Тој што потковува работен добиток (коњи, волови); налбат.

поткожен | прид.

Што е под кожата. Поткожно ткиво. Поткожен чир.