поткаса | св.

Каса малку, подгризе. Жената ја поткаса устата.

поткасне | св.

Касне, изеде малку храна. Таа го нудеше со сила да поткасне за да се поткрепи. Зедоа по залак од она што беше на масата и поткаснаа.

поткастри | св.

Искастри малку гранки на дрво. Тој ги поткастри гранките на овошката.

поткачи 1 | св.

Качи, дигне некого или нешто малку повисоко. Го поткачи детето на столче за подобро да ја гледа претставата.

поткачи 2 | св.

Упати остар збор, прекор, задре, предизвика некого. Еднаш така носачите го поткачија и го предизвикаа на нов подвиг.

поткашлува | несв.

Кашла малку, одвреме-навреме. Тој често застануваше во одот, поткашлуваше и пак продолжуваше.

поткваси | св.

Стави квас, маја во пресно млеко; Таа му стави маја на млекото и го поткваси.

поткине | св.

Скине малку или дел (врв, крај) од нешто. Тие ги поткинаа долните ливчиња на цветот.