поткожник | м.

Бран на Охридско Езеро што не создава пена.

поткожури се | св.

За кожа – набабри, отече. Прстите му се поткожурија.

потколеница | ж.

(анат.) Дел од ногата од коленото до скочниот зглоб. При вежбањето мускулите на потколеницата се затегнуваат.

потколеничен | прид.

Што се наоѓа под коленото. Потколенична коска.

поткомисија | ж.

Дел од поголема комисија, изделен заради некоја посебна цел, задача. Тие образувале повеќе поткомисии.

поткомитет | м.

Дел од поголем комитет.

поткоп | м.

Прокоп под земја, подземен ходник; лагум.

поткопа | св.

Со копање направи дупка од долната страна, под нешто. Ќе треба тука да го поткопаме ѕидот.

поткорник | м.

Вид инсекти, ситни тврдокрилци што живеат под кората на дрвјата, каде што прават ходници; Ipidae, Scolytidae.

поткоси | св.

Пресече, потсече како со коса. Дрвјата наоколу беа поткосени.