поткошнат | прид.
Што е турнат, отфрлен настрана. Не сакаше да биде втор, спореден, поткошнат, па макар и во своја куќа.
поткошне | св.
Кошне малку.
поткошула | ж.
Вид долна облека што се носи под кошулата. Зиме носеше дебела фланелска поткошула за да му биде потопло.
поткраде | св.
поткрадне | св.
Потајно присвои нешто туѓо, украде. Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, па отишле и в село.
поткрати | св.
поткрева | несв.
поткрене | св.
Крене, подигне малку. Таа ја поткрена навалената глава. Тој ја поткрена ногавицата и му ја покажа длабоката лузна.
поткрепа | ж.
Помош, поддршка, потпора. Ги изгледа присутните, барајќи поткрепа од нив за своето мислење. Материјална поткрепа.
поткрепи | св.
Даде поткрепа, поддршка некому. Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата.