поточина | ж.

Ситен речен нанос; тиња.

потпадне | св.

Се најде, падне под влијание на некого или нешто. Тој беше многу млад и потпадна под туѓото влијание.

потпал | м.

Мали дрвца, борина, хартија и сл. за потпалување оган. Таа насобра дрвца за потпал.

потпали | св.

Постави оган под нешто за да почне да гори, запали од долната страна. Наутро дедото ја потпали печката.

потпалуба | ж.

Внатрешен дел од брод, просторот под палубата.

потпалувач | м.

Тој што потпалува оган.

потпаше | св.

Врзе појас и сл. под алиште, фустан и сл. Тој го потпаша појасот на алиштата.

потпаѓа | несв.

потпева | несв.

Пее тивко, пее малку или одвреме-навреме. Тие задоволно се смееја, потпеваа и гласно разговараа.