потпевне | св.

Запее малку. Ќе поседиме, ќе потпевнеме некоја песна.

потпетица | ж.

Кожен или дрвен додаток на чевелот под петата. Носеше чевли со високи потпетици. Ниски потпетици.

потпече | св.

Испече во мала мера (обично одозгора, по површината). Ширденот беше сварен, дури и потпечен.

потпива | повр.

По цел ден седат и си потпиваат ракија.

потпивне | св.

Испие малку. Потпивнаа од ракијата и пак продолжија со разговорот.

потпикне | св.

Стави, пикне нешто некаде; вовлече. Ја потпикнал раката во ремењето и нога за нога, јаде бадеми.