парфимерија | ж.

Продавница за парфеми и козметички средства. Парфимерија во центарот на градот.

парфимира | св. и несв.

Нанесе, нанесува парфем на некого, на нешто, некаде. По козметичкиот третман девојката ја парфимираа. Ги парфимираа гостинските простории.

пар-форфе | ср.

Казна поради недоаѓање на една екипа на натпревар или поради неоснован прекин на натпреварот.

парцела | ж.

Обележано парче земјиште за определена намена. Поле со разновидни парцели. Градежна парцела. Парцела на градските гробишта.

парцелација | ж.

Поделба на земјиштето на парцели.

парцелизира | св. и несв.

парцелира | св. и несв.

Изврши, врши парцелација, подели, дели на парцели.

парцијален | прид.

Што претставува дел од нешто, нецелосен, делумен. Парцијална анализа. Парцијално решение.

парче | ср.

Отсечен, откинат, скршен дел од нешто. Парче леб. Парче торта. Парче памук. Парче хартија. Парче платно. Парчиња сланина. Парчиња стакло.