прагматика | ж.
Постапки, ред, распоред во деловната дејност.
прагматист | м.
Приврзаник на прагматизмот. Тие се филозофи прагматисти.
прагматичар | м.
Тој што бара практични, корисни решенија што даваат подобар резултат, што водат кон поголем успех; прагматичен, практичен човек.
прагматичен | прид.
Што се води од прагматизам; што е насочен кон постигање непосреден успех, резултат и корист. Прагматична филозофија. Прагматично ниво. Прагматични луѓе.
прагматички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на прагматика и на прагмати
прадедо | м.
Татко на дедо или баба. Неговиот прадедо бил богат човек.
прадедовина | ж.
Имот што е наследен од прадедо, што се предава од поколение на поколение. Нивите беа прадедовина и не сакаше да ги продава.
праживотно | ср.
Едноќелиско живо суштество што може да се види само под микроскоп; Protozoa.
пражител | м.
Првобитен, најстар жител на некое населено место, земја, држава и сл. Пражителите на островот биле црнци.
праз | м.
Вид градинарско растение што расте во стракови, со бела главица и зелени перја; Allium porrum. Главица праз. Пита со праз.