пребере | св.

Собере и последното од тоа што го има, од тоа што е за собирање. Го пребравме тутунот. Пребраа сè што имаше по полето.

пребива | несв.

пребие | св.

претепа. Ноќеска некој го фатил и го пребил.

пребир | м.

Пребирање; пребира.

пребира | несв.

Избира, пробира, прави избор. Таа ги пребираше крушите веќе половина час. Момчето многу ги пребира девојките. Детето секогаш ја пребираше храната.

пребирач | м.

Тој што пребира. Ете, се ожени и најголемиот пребирач во селото.

пребирлив | прид.

Што пребира многу. Пребирливи жени.

преблаг | прид.

Што е премногу благ; пресладок. Преблаго кафе. Преблаг чај.

преблажи | св.

Направи да биде нешто премногу благо. Си го преблажил чајот.

пребледи | св.

Стане многу блед. Пребледе од страв. Пребледе од неговите зборови.