превратнички | прид.

Што се однесува на преврат и на превратник. Превратничка организација. Превратничка реакција.

превратност | ж.

Неочекувана, ненадејна промена во нешто. Животот е полн со превратности.

превреднува | св. и несв.

Повторно вреднува; преоценува. Ќе се превреднува целокупната работа на фирмата.

преврзе | св.

а) Врзе, заврзе нешто преку обемот, опфати со врзување. Неколкупати го преврза пакетот со коноп. Таа ја преврза кутијата со шарена лента наоколу. б) Врзе, заврзе некому нешто. Тој му ги преврза очите со црна лента. Им ги преврзаа рацете на заробените војници.

преврзок | м.

Платнена лента со сребрени и метални монети што се носи како украс на женската носија.

преврива | несв.

преврие | св.

Зоврие повеќе отколку што треба; истече, испари вриејќи. Млекото преврило.

преврне 1 | св.

За дожд, за снег ‒ престане да врне. По неколку часа дождот преврна. Утрото снегот преврна.