прегрешение | ср.
Правење грев, прекршување на божјите заповеди. Само Бог може да ги прости твоите прегрешенија.
прегреши | св.
Стори грев, направи прегрешение. Што толку ти прегрешив, Господи, та ме нагрди со таква казна!
прегризе | св.
Прекине нешто со гризење. Лисицата го прегриза јажето со кое беше врзана. Глувците го прегризаа ќебето на неколку места.
прегрми | св.
Престане да грми. Веќе преврна и прегрми.
прегрне | св.
Опфати некого со двете раце и го притисне кон градите како израз на љубов, нежност, почит; гушне, стисне во прегратка. Ја прегрна мајка си. Таткото ги прегрна двете ќерки.
прегрупација | ж.
Ново, поинакво групирање, распоредување; прегрупирање. На теренот има прегрупации и кај двете завојувани страни.
прегрупира | св. и несв.
Групира поинаку или повторно. Воениот штаб ги прегрупираше трупите.
прегушне | св.
пред | предл.
Пространствено значење: а) Место од предната страна на нешто. Непознат човек стоеше пред портата. Детето чекаше пред автомобилот. б) Место во близина на нешто, недалеку од нешто. Скокнав преку потокот пред селото и продолжив по патот.
пред- | претс.
Претставка / префикс за образувања од глаголски и од именски основи.