преград 1 | м.
Прегратка. Мајкин преград.
преград 2 | м.
преграда | ж.
а) Ѕид, ограда и сл. што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг. Камена преграда. Бетонска преграда. Направија преграда во речното корито. б) Просторија, простор зад таков ѕид и сл. Тој се скри во празната преграда на амбарот. Излезе низ вратата од олтарската преграда.
преграден | прид.
Што претставува преграда, што служи за преграда. Преграден ѕид. Преградна брана. Преградна штица.
прегради | св.
Направи преграда, оддели нешто со преграда. Го прегради дворот со дрвена ограда. Ја прегради нивата со густ плет. Ја преградија чешмата со железо.
прегратка 1 | ж.
Прегрнување, гушкање. Мајчина прегратка. Пријателска прегратка. Братска прегратка. Ги рашири рацете за прегратка.
прегратка 2 | ж.
Кутијата имаше две прегратки.
прегрбави | св.
Направи да стане грбав. Работата го прегрбави. Годините ја прегрбија.
прегрее | св.
Загрее прекумера. Мајсторот ги прегреа земјените садови и тие испукаа.
прегрешен | прид.
Што е премногу грешен. Прегрешна душа.