преземе | св.
Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг (предмет, должност, работа, задача итн.). Тој му ја презеде девојката. Ми ја презеде работата. Ги презел приказните од народното творештво. Војската ја презеде власта во земјата. Тој ја презеде титулата светски првак. Овие зборови се преземени од рускиот јазик. Ми го презеде зборот.
презент 1 | м.
Сегашно време, глаголски форми што означуваат дејство што се врши во моментот на зборувањето.
презент 2 | м.
Подарок, дар. Скапоцени презенти.
презентација | ж.
Изведба, претставување на нешто. Драмска презентација. Компјутерска презентација.
презентен | прид.
презентира | св. и несв.
Претстави, претставува, прикаже, прикажува, изнесе, изнесува нешто како новина. Тој ѝ ја презентираше на јавноста својата нова модна колекција. Таа ја презентираше новата збирка поезија. На изложбата се презентирани дела од македонски сликари.
презентски | прид.
Што се однесува на презент1. Презентска основа. Презентски форми.
презерватив | м.
презива се | несв.
Има определено презиме, се вика на презиме. Како се презиваш ти? Не се сеќавам како се презива таа новинарка.
президент | м.
Претседател на република.