прелакира | св. и несв.

Лакира повторно или поинаку. Го прелакира паркетот.

прелапне | св.

Прегризе усни, преклопи горна усна врз долната. Си ги прелапна усните и се помири со работата.

прелат | м.

Висок црковен достоинственик во католичката, во евангелистичката и во протестантската црква.

прелевман | м.

Додаток на цената на увезената стока за да се изедначи со домашната.

прелее | св.

Наполни нешто до излевање, преполни. Прелеа чашата.

прележи | св.

Преспие, преноќева. Прележаа ноќта во анот и заминаа. Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде.

прелез | м.

Незаградено место за поминување. Дедото заградува еден прелез на нивата што го отвориле говедата.

прелеп | прид.

прелепи | св.

Залепи повторно или поинаку. Ги прелепија одлепените слики.

прелесен | прид.

Што е премногу лесен. Прелесна лекција.