премигне | св.

Кратко отспие. Премигнете ноќеска и утре со нови сили.

премие | св.

Повторно измие (нешто, некому). Треба да ги премиеш садовите. Му го преми лицето на детето.

премиер | м.

Претседател на влада.

премиера | ж.

Прва изведба на уметничко дело (театарско, филмско, музичко); Утре ќе се одржи премиерата на претставата. Светска премиера.

премиерен | прид.

Што се однесува на премиера. Премиерни филмови.

премиерски | прид.

Што му припаѓа, што се однесува на премиер. Премиерски мандат. Премиерски должности.

премил | прид.

Што е многу, извонредно, премногу мил. Премило дете. Премили спомени.

премилостив | прид.

Што е извонредно, премногу милостив. Премилостив господин.

премин | м.

Место каде што се преминува. Пешачки премин. Граничен премин.

премине | св.

Мине, помине од едната на другата страна на нешто. Ја премина улицата. Го преминаа мостот. Преминаа преку граница.