преноси | св.
Носи подолго време. Ги преноси алиштата.
преносител | м.
пренослив | прид.
Што може да се пренесува. Пренослив комјутер.
преноќевалиште | ср.
Место, градба во која се преноќева. Ова преноќевалиште ги знаеше тајните на сите камионџии.
преноќи | св.
Ја преспие ноќта. Преноќија во хотел.
преноќиште | ср.
преоблече | св.
Соблече една, облече друга облека; смени облека. Ги преоблече мокрите алишта.
Преображение | ср.
Христијански празник што се празнува на 19 август.
преобразба | ж.
Преобразување; преобрази.
преобрази | св.
Даде друг лик, измени некому лик или состојба. Службата во армијата го преобрази во чесен човек.