преплеви | св.

Одново исплеви. Треба да се преплеви расадот.

преплет | м.

Тоа што е меѓусебно исплетено, измешано, сплет. Дворот беше заграден со преплет од жици.

преплете | св.

Едно со друго исплете, измеша. Ги преплете прачките.

преплива | св.

Со пливање помине некое растојание. Го преплива езерото.

преплови | св.

Со пловење помине некое водно пространство. Со бродот го препловија океанот.

препне | св.

Подметне некому нога при одење; сопне. Го препна другар му и се стркала.

преповие | св.

Одново повие. Го препови бебето.

преповтори | св.

Одново повтори. Ја преповтори лекцијата.

преподобен | прид.

Додавка кон името на видни духовници, т.н. свети монаси. Преподобен Наум Охридски-Чудотоврец.