преподобие | ср.
Обраќање кон високо духовно лице (заедно со зам. прид.: ваше, негово, нивни). Ваше преподобие.
препозитивен | прид.
Што е во положба на препозиција. Препозитивен член.
препозиција | ж.
предлог2.
препознае | св.
Одново познае некого што веќе бил познат или нешто што веќе било познато; Мајка му веднаш го препозна. Колата не можеше да си ја препознае.
препознатлив | прид.
Што може лесно да се препознае. Препознатливо лице.
препокрие | св.
Одново покрие. Детето во сонот се открило, па мајката го препокри.
преполн | прид.
Премногу полн, повеќе од што обично собира; Преполна сала. Преполни автобуси.
преполнеж | м.
Дел од техника на везење во којашто и мотивите и платното се исполнети со вез. Ракавите ги везе полнеж со преполнеж.
преполнет | прид.
преполни | св.
Наполни над мерата. Ја преполни чашата. Ја преполни куќата со мебел.