претка | несв.

преткаже | св.

Однапред, отпорано каже, предвиди што ќе се случи; предвести, прорече. Таа му ја преткажа иднината.

преткажувач | м.

Тој што преткажува.

преткомора | ж.

Еден од двата шупливи дела од срцето што се наоѓаат над комората. Срцева преткомора. Десна преткомора. Лева преткомора.

претне | св.

Мрдне малку, направи брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете). Никој не смееше ни да претне на часот.

претовар | м.

Преместување на товар од едно место на друго. На станицата се врши претовар на стока.

претоварен 1 | прид.

Што е премногу, прекумерно натоварен. Претоварено магаре.

претоварен 2 | прид.

Што служи за претовар. Претоварна станица.

претовари | св.

Натовари премногу, повеќе отколку што може да носи, да издржи. Коњот беше претоварен со стока за на пазар.