признание | ж.

Лична изјава на тој што признава нешто; признавање. Така само ќе го исплашиш и пак нема да го добиеш вистинското признание. Судот не успеа да добие признание од ниеден затвореник.

признаница | ж.

Писмена потврда со потпис со која се потврдува добивање, примање на нешто (пари за платена сметка, стока и сл.). Тој ми даде пари без гаранција – просто само на признаница. За земените работи му напишав признаница.

признат | прид.

признателен | прид.

Што изразува чувство на благодарност и не заборава добро дело (услуга, помош и сл.). Тој беше признателен човек и сакаше да му се отплати на домаќинот за неговиот добар однос.

призори | прил.

При обзорување. Ќе тргнеме призори.

призрак | м.

Привидение, сениште. Оддалеку личеше на стар замок во кој живеат призраци.

призрачен | прид.

Што личи на призрак; воздушест, лесен, проѕирен, сеништен. Под призрачната светлост на месечината сѐ беше тивко.