приидува | несв.
прикажан | прид.
Глаголска придавка од прикаже.
прикаже | св.
Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто ( случка, настан, доживување итн.) Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката. Секоја вечер му прикажуваше како го поминал денот.
прикажиште | ср.
прикажлив | прид.
Што сака да прикажува, што зборува многу; зборлив, зборлест. Тој беше повеќе молчелив одошто прикажлив.
прикажувач | м.
Тој што прикажува, раскажувач. Тој е талентиран прикажувач на народни приказни.
прикажувачка | ж.
прикаска.
прикажувачки | прид.
Што се однесува на прикажувач и на прикажување. Прикажувачка дарба. Прикажувачка функција.
приказ | м.
Кратка рецензија, оцена на научно или уметничко дело. Приказ на поднесените реферати на Конгресот.
приказен | прид.
Што е убав, прекрасен, како од приказна, бајка. Приказно убав мај: раззеленет, болснат, топол.