приказлив | прид.
приказна | ж.
а) Краток расказ за историски или измислени личности или настани што се пренесува од колено на колено; бајка, сказна. Првин го замоли деда си да им каже приказна. Народна приказна. б) Краток расказ во уметничката проза.
приказничка | ж.
Приказнички за деца.
приказно | прил.
прикапе | св.
Почне одненадеж малку да капе, капе кусо време. Прикапе малку вода од чешмата и пак секна. Му прикапе некоја солза.
прикаска | ж.
прикасне | св.
Касне малку или уште малку. Прикасна малку и веднаш излезе. Таа постојано го нудеше да прикасне од питата.
прикачи 1 | св.
Закачи, спои, сврзе еден предмет со друг на соодветен начин. Железничарот прикачи уште еден вагон. Платното го прикачи со топуски.
прикачи 2 | св.
Качи малку или уште малку повисоко; поткачи.
приквечер | прил.
Непосредно пред да настапи вечер, пред самрак. Тој излегуваше секоја приквечер сам на прошетка. Приквечер се прибраа изморени.