приквечерен | прид.

Што се случува во приквечерина, приквечер. Приквечерни часови. Приквечерен ветер.

приквечери | св.

Настапи приквечер, самрак. Дождот како да излезе од магла, што се крена пред да приквечери.

приквечерина | ж.

Време при крајот на денот, пред да настапи вечер, пред паѓање на самрак. Тивка, спокојна приквечерина.

прикладе | св.

Стави, додаде уште малку. Тој прикладе дрва во огништето. Приклај уште некое јаболко и ќе има точно два килограма.

приклекне | св.

Клекне малку, за кратко време. Тој приклекна и се наведна тукуречи доземи.

приклепа | св.

Трепне со очите. Очите му приклепаа.

приклешти | св.

Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, притисне како со клешти. Му ја приклешти раката и го забра кон селото.

приклони | св.

(книж.) Свие надолу, наведне. Ќе приклони глава и ќе моли за прошка.

приклука | св.

Почне да тропа, стропа; клука 3. Приклукал на порти.