приложник | м.
Тој што дава прилог, дар, помош;
прилошки | прид.
Што се однесува на прилог2. Прилошки израз. Прилошка реченица. Прилошка определба.
прилути ми (ти му...) | св.
Почне да ми (ти, му...) лути од нешто; залути.
прим | м.
Вид мандолина.
прима | несв.
а) Пречекува, дочекува некого во својот дом. Тој е мој драг гостин и јас секогаш го примам со задоволство. б) Дочекува некого во канцеларија, ординација и сл. и дава услуги; работи. Лекарот прима само попладне.
прима | прид.
Што е од прв ред, најдобро. Производот е со прима квалитет.
примабалерина | ж.
Прва, најдобра балерина во балетски состав.
примадона | ж.
Најдобра певица што ги пее главните улоги во оперски ансамбл; актерка што ги глуми главните улоги; првенка (на опера / драма).
примами | св.
Со мамење привлече некого да дојде. Тоа беше сторено со намера таму да нѐ примамат и уловат.
примамлив | прид.
Што има способност, моќ да примамува; што ветува успех, корист, уживање. Примамливи зборови. Примамлива понуда. Примамлива миризба.