примарен | прид.

Првичен, првостепен. Тие својства не се примарни, туку секундарни.

примариус | м.

Прв, главен лекар, раководител на болница или на болничко одделение.

примат 1 | м.

Првенство, прво место по ранг, првенствено значење. Романот во последниве децении упорно настојува да го добие приматот во нашата литература. Ваквата ориентација му го врати приматот на фестивалот како најдобра музичка манифестација.

примат | м.

Највисок ред на цицачи – мајмуни, полумајмуни и човек.

примач | м.

Тој што прима нешто од некого. Примач на пораката. Примач на пратки.

примаш | м.

Прв виолинист во цигански оркестар; првенец во музичка капела или група.

примајка | ж.

Жена на таткото во однос на неговите деца од претходниот брак; маќеа.

примена | ж.

Употреба, искористување, спроведување во пракса, на дело. Примената на компјутер во работата станува потреба. Секојдневна примена. Поширока примена. Практична примена.

применет | прид.

Што може да се примени, што се користи за практични потреби во животот. Применета уметност.