прилепи | св.

Спои, состави нешто со лепење; залепи. Тој ја прилепи театарската објава на ѕидот.

прилепчив | прид.

Прилепчива болест.

прилив | м.

Периодично повишување на нивото на водата во морињата, океаните и сл., предизвикано од привлечното дејство на Месечината; одлив. Прилив и одлив на морето.

прилика | ж.

Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл. Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика. Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење.

приличен | прид.

(дијал.) пристоен.

приличи | несв.

прилог 1 | м.

Тоа што се прилага, се додава кон нешто; додаток. Четвртиот дел претставува библиографски прилог кон изданијата. Со петочното издание на весникот редовно излегува и прилогот со телевизиска програма.

прилог 2 | м.

Неменлив збор што се додава кон глаголи, придавки и други прилози и служи за дополнување или поблиско определување на нивното значење; адверб. Начински прилог. Временски прилог.

приложи | св.

Додаде, дополни, приклучи кон нешто. Сега ќе приложиме и неколку илустративни примери. Тој ги приложи сите потребни документи.