примени | св.
Стави во употреба, искористи; спроведе во дело, оствари. Таа не знаеше како да ги примени тие знаења во пракса. Тој реши токму тие теории да ги примени во своето најново истражување.
применлив | прид.
Што може да се примени, што може да биде применет. Графичката нагледност во наставата е доста применлива и служи како средство за квалитетот на знаењата.
пример | м.
Дејство, појава, постапка и сл. што се смета достојно за поддржување, за следење, што може да послужи како образец. Тој беше дете за пример. Тргнаа по мојот пример.
примерен | прид.
Што служи за пример; одличен. Примерно поведение. Примерно однесување.
примерок | м.
Секој за себе, поединечно од повеќе еднородни предмети. Книгата излезе во илјада примероци.
примеса | ж.
Материја што е додадена, смешана во друга.
примеша | несв.
Додаде во составот на една материја малку од друга и со мешање направи да се соедини. Готвачот примеша и малку брашно во сосот.
прими | св.
а) Пречека некого во својот дом. Нашите пријатели нè примија многу срдечно. Тој ме прими како најблизок. б) Пречека некого во канцеларија, ординација и сл. и даде услуги. Лекарот ги прими сите пациенти од чекалницата. в) Пречека некого во официјална посета; поздрави гости. Премиерот ќе прими странска делегација.
примига | несв.
примигне | св.
Одеднаш почне да мига. Детето се исплаши од осата и примигна со очите.