примижан | прид.

Што примижал, подзамижан. Примижан поглед.

примиже | св.

Мижурка, подзамиже, подзатвори очи. Ги извади очилата и примижа од силното сонце. Седејќи во фотелјата примижа од дремка.

примира | несв.

Губи свест; Тој примираше в постела од ноќните кошмари.

примирен | прид.

примири | св.

Успокои, смири. Мајката го примири расплаканото дете.

примириса | св.

Ми (ти, му...) замириса на нешто. Ми примириса на загорено млеко.

примирје | ср.

Привремен прекин на воени дејства со заемна согласнот на завојуваните страни. Склучи примирје. Краткотрајно примирје.

примитивен | прид.

Што се однесува или припаѓа на најстарите стадиуми на антрополошкиот или културниот развој; древен, прастар.

примитивец | м.

Примитивен човек.