приречица | ж.
Еден или повеќе зборови што се повторуваат во исказот на одделно лице.
при'ржи | св.
За коњ ‒ одеднаш почне да 'ржи. Коњот во дворот при'ржа бесно.
природа | ж.
Материјалниот свет што нè опкружува, сè што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет на Земјата.
природен | прид.
Што постои или што се појавува во природата. Природен гас. Природна минерална вода. Природни ресурси. Природна стихија.
природи | св.
Роди уште (во нов брак, покрај децата од претходниот брак). Природи уште едно дете.
природознание | ср.
Наука за изучување на живата природа.
природонаучен | прид.
Што научно ја проучува природата. Природонаучно истражување. Природонаучен музеј.
природонаучник | м.
Научник што се занимава со изучување на природата;
прирок | м.
Збор во реченицата со кој се кажува нешто за подметот; предикат.
прироков | прид.
Што се однесува на прирокот. Прирокови додатоци.