пристори (ми) се | св.

Се причини некому дека нешто станало, дека нешто е. Ми се пристори како да влегол некој. Нема ништо, ти се присторило.

пристрасен | прид.

Што се става на нечија страна, уважува нешто пред другите, што дава предност на нешто; необјективен, неправичен. Пристрасен раскажувач. Пристрасен човек.

пристуди (ми) | св.

Почне некому да му (ти, ми...) студи. Ми пристуде од свежината на муграта.

присуство | ср.

Состојба, факт дека некој лично се наоѓа, е на определено место во определено време. Забележано е зголемено присуство на полицијата. Свеченоста беше отворена во присуство на претседателот.

присуствува | несв.

Се наоѓа негде, на некое место. Повеќе гости од странство присуствуваа на свеченото отворање. Секоја година тие присуствуваат на овој необичен настан.

присутен | прид.

Што присуствува негде, на некој настан.

притаен | прид.

Прикриен, скриен, потаен. Зад дрвото чекаше еден човек притаен во ноќта. Притаен чекор.

притаи | св.

Прикрие нешто да не може да биде видено, чуено; не пројави, не изрази (чувство, желба и сл.). Таа го притаи здивот и се скри во грмушката. Таа успешно ги притаи своите чувства пред непознатиот. Децата го притаија своето љубопитство и веќе ништо не прашуваа.

притвор | м.

Превентивно лишување од слобода на лице за кое постои основано сомневање дека извршило кривично дело. На приведените им е одреден притвор од триесет дена. Куќен притвор.

притвора | несв.