притисок | м.

Сила што дејствува врз некој предмет или површина. Мостот не го издржа притисокот. Притисокот на водата беше многу силен.

притка | ж.

Колец за придржување на растенијата. На притката се потпира ластарот.

притоа | прил.

Истовремено, заедно со претходно кажаното, покрај тоа. Некој се засмеа, но притоа се засркна и продолжи да кашла. Се наведна кон неа и притоа ѝ шепна да дојде вечер кај него.

притока | ж.

Река што се влева во поголема река. Треска е притока на Вардар.

притреба | св.

Затреба во моментот. Мене ми притребаа неколки алати во моментот. Одеднаш ми притреба свеж воздух бидејќи ми се зеде здивот.

притропа | св.

Почне одеднаш да тропа, стропа. Некој притропа на вратата. Нешто притропа во кујната.

притрча | св.

Се стрчне кон некого, кон нешто. Веднаш притрчаа луѓе од обезбедувањето. На паднатото момче му притрчаа на помош другарите. Учителката притрча и ги раздели степаните деца.

притули | св.

Прикрие, скрие. Ги притулил дечињата во едни гранки.

притура | несв.

притури | св.

Тури, сипе, налие уште малку. Домаќинката им притури вино на гостите.