приучен | прид.

Што нема целосно образование, што е донекаде обучен за некоја работа. Приучен лекар. Приучена шивачка.

приучи | св.

Научи некого нешто за кусо време, набрзина. Ги приучивме некако новите работници да работат на новите машини.

прифатен | прид.

Што е широко распространет, утврден, докажан. Прифатени туѓи обичаи. Прифатен метод на работа. Прифатена процедура.

прифатен | прид.

Што служи за прифаќање, за примање; Прифатни центри за жртви на семејно насилство. Прифатна станица.

прифати | св.

Фати со држење да не падне. Девојчето го прифати шкафчето со обете раце. Сестрата го прифати кутриот старец и го седна на креветот.

прифатилиште | ср.

Место каде што се прифаќаат бегалци, жртви на насилство, ранети и сл. Прифатилиште за жртви на семејно насилство. Прифатилиште на бегалци.

прифатлив | прид.

Што може да се прифати. Прифатлив предлог. Прифатливо решение.

приход | м.

Пари или други средства добиени во определен период од имот, работа, инвестиции и сл.; Годишен приход. Фирмата му носеше добар приход.

прихрани | св.

За растенија и животни ‒ даде дополнителна концентрирана храна заради подобри резултати во развојот, растењето, добивање тежина итн. Кравите ги прихрануваме за време на молзењето. Пчелните семејства ги прихрануваме со течна или цврста храна. Растенијата ги прихрануваме со ѓубрење во текот на растот.

прицврсти | св.

Цврсто стегне, зацврсти, закрепи. Ги прицврсти закачалките на ѕидот. Го прицврсти лустерот на таванот да не ни падне на глава.