притворен | прид.
Што е во притвор.
притвореник | м.
Лице што е во притвор.
притвори | св.
Стави некого во притвор. Ноќеска ја притвориле целата банда.
притега | несв.
притегне | св.
Стегне нешто отпуштено, одврзано, олабавено. Ги притегнал јажињата на товарот.
притесни | св.
Стесни, намали простор за живеење, доведе во тесно. Вечерва ве притеснивме, ама од утре пак сте на широко.
притивне | св.
Стивне, се смири, се намали врева, бука и сл. Притивна музиката. Притивна вревата.
притиска | несв.
притискач | м.
Направа со која се притиска.
притисне | св.
Изврши притисок, стисне. Тој го притисна капакот врз кацата и озгора кладе камен. Сестрата го притисна озгора крвниот сад и наскоро крвта престана да тече. Притисна на ѕвончето и вратата се отвори.