прицврстувач | м.
Предмет, средство што служи за прицврстување, што прицврстува.
причастен | м.
Црковна песна што се пее за време на причестувањето на свештенослужителите.
причека | св.
Чека малку, извесно време, почека. Причекај ме малку, сега ќе дојдам. Тој ја причека пред влезот.
причесна | ж.
Вино и парченце поскура што им се дава на христијанските верници при обред на причестување, како симбол на телото и крвта на Исус Христос и последната вечера со апостолите
причести | св.
Изврши обред на причесна, даде причесна, леб и вино во христијанската религија. Попот секоја година на Велигден ги причестуваше селаните.
причина | ж.
Појава која предизвикува друга како своја природна последица. Причината за смртта не е утврдена. Кога ќе ја отстранат причината, ќе исчезне и последицата. Од тие причини дојдовме да се разбереме.
причини | св.
Предизвика, стане причина за нешто; направи, стори нешто како повод. Монсунските дождови им причинија големи штети на посевите. Непланското работење причини целосно распаѓање на оваа стопанска гранка.
причини се | св.
Се пристори некому, се виде поинакво, се прикаже во лажна претстава ‒ како да е нешто а не тоа што е. Ми се причини како некој да влезе.
причинител | м.
Тој што е причина за нешто; предизвикувач, сторител. Причинител за болеста. Причинителот на несреќата не е пронајден.
причиниште | ср.
Митско суштество, олицетворение на злото; привидение.