пријавувач | м.
Тој што пријавува, што поднесува пријава.
пријаде | св.
Почувствува одненадеж желба за јадење; почувствува глад. Се враќаше дома само кога ќе му се пријадеше. Баш ми се пријаде нешто слатко.
пријаде ме (те го...) | св.
Почувствува на кожата непријатна дразба на јадеж;
пријател | м.
Лице поврзано со некого со заемна љубов, почит и доверба. Тој е мојот најдобар пријател. Ние сме стари пријатели од детството. Најдоа многу заедничко во своите интересирања и станаа големи пријатели. Личен пријател.
пријателски | прид.
Што се однесува на пријател, пријателство. Пријателски разговор. Пријателска земја. Пријателски поздрав. Пријателски гест.
пријателство | ср.
Заемен однос на љубов, почит и доверба меѓу пријатели. Ги сврзуваа пријателствата уште од гимназиските дни. Меѓу нив се разви вистинско пријателство.
пријателствува | несв.
Е во пријателски односи со некого, е пријател некому.
пријателува | несв.
пријателче | ср.
пријателштина | ж.