пријатен | прид.
Што дава, што предизвикува задоволство, уживање. Пријатно чувство. Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија. Од кујната доаѓаше пријатна миризба. Пријатен разговор. Пријатен амбиент.
пријде | св.
Со одење се приближи кон некого или кон нешто. Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака. Пријде поблиску и погледна.
приќе | ср.
Мираз, чеиз.
прка | несв.
пркне | св.
За птица ‒ летне, изврши движење со крилата. Ластовичката пркна со крилцата во воздухот и полета угоре.
пркос | м.
Позитивен инает, гордост. Се насмеа со пркос во очите.
пркосен | прид.
Што е горд, што пркоси, што има пркос. Пркосен поглед.
пркоси | несв.
Покажува пркос некому, не попушта. Му пркоси на непријателот.
пркосник | м.
Тој што пркоси. Тој е пркосник.
прле | ср.
Младо од магарица, магаренце.