приѕида | св.
Додаде нешто со ѕидање кон веќе изѕидано; доѕида. Тој приѕида уште една соба.
приѕира | несв.
Ѕирка, гледа низ мал отвор. Тој приѕираше низ клучалката на вратата.
приѕирка | св.
приѕирне | св.
приѕне | св.
приѕре | св.
Ѕирне, види низ мал отвор.
пријава | ж.
а) Известување (усно или писмено) до орган на власта за некого или за нешто. Прекршочна пријава. Полицаецот му напиша пријава за погрешно паркирање. До Министерството поднесоа пријава за настанатата штета. б) Образец, формулар што се исполнува со податоци за предметот на пријавување до определена установа. Тој поднесе пријава за полагање на испитот.
пријавен | прид.
Што се однесува на пријавување. Барањето треба да се достави до пријавниот рок. Пријавно одделение.
пријави | св.
Даде, поднесе пријава (писмено или усно). Случајот го пријави во полиција.
пријавница | ж.
Просторија, канцеларија во која се врши пријавување; место каде што се поднесуваат пријави.