прли | несв.

Обгорува. Ја прли кокошката од подникнатите пердуви.

прли се | несв.

За магарица ‒ донесува на свет прле. Нашата магарица се прли на секои две години.

прлок | м.

Жолта качунка; Crocus moeciacus.

прлушка | ж.

Школка; Anadonta. На брегот имаше лушпи од прлушки.

прнар | м.

Вид даб што расте како шумјак, наменет за кастрење за добиточна храна; Quercus coccifera.

про- | претс.

Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки.

про'рти | св.

Почне да 'рти, да никне. Семето про'ртело. Компирот про'ртел.

проанализира | св.

Направи, изврши анализа. Ако се проанализира целокупниот негов опус, се забележува една заедничка нишка. Адвокатот ги проанализира документите и реши како да настапи.

проаѓа | несв.

Поминува, минува покрај некого или нешто. Времето проаѓа. Проаѓа покрај него, но не го поздравува.